(ВИДЕО) ЛУКАШЕНКО СЕ ПОЈАВИ AMA СО ЗАВОЈ НА ДЛАНКАТА И ЗАРИПНАТ ГЛАС Шпекулациите за здравјето на претседателот не стивнуваат

Според каналот „Пул Первого“ на Телеграм, Лукашенко работел во централна командна база на воздухопловните сили. Веста ја пренесоа белоруските државни медиуми.

872

Фотографија од белорускиот претседател кој посети воен команден центар ги разби гласините за неговото можно нарушено здравје. Но, не целосно. Откако се проширија гласините дека 68-годишниот Александар Лукашенко бил хоспитализиран на новата снимка тој има зарипнат глас и му е преврзана левата дланка.

Според каналот „Пул Первого“ на Телеграм, Лукашенко работел во централна командна база на воздухопловните сили. Веста ја пренесоа белоруските државни медиуми.






Антон Герашченко, познатиот политички коментатор на војната во Украина, на твитер сподели видео од истиот канал каде што покрај завојот и зарипнатиот глас вели дека Лукашенко личел како да носи шминка.

 

Лукашенко не се појави во јавноста цела недела по парадата во Москва за 9 мај, Денот на победата, каде тој пропушти ручек со рускиот колега Владимир Путин. Меѓу другото, парадата беше мета на контроверзии бидејќи говорот на Путин беше многу краток и имаше само еден тенк меѓу возилата кои продефилираа.,

Белоруската опозициска лидерка во егзил Свјатлана Циханускаја им порача на своите поддржувачи да бидат подготвени за „секое сценарио“ како одговор на растечките гласини околу здравјето на Лукашенко.

Лукашенко владее со Белорусија од 1994 година.

Поврзани содржини