(ВИДЕО) КУРТИ СО НОС КАКО ПИНОКИО Летаа димни бомби на протестот во Приштина
Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа димни бомби околу зградата на Владата во Приштина и бараат оставка од косовскиот премиер.
На протестот кој го организираше вонпарламентарната Социјалдемократска партија во Приштина
каде што беше изразено незадоволство од договорот во Охрид кој предвидува формирање на Заедница на српски општини, беше организирана герила-акција, односно еден вид парада на којашто се појавија фотографии на премиерот Албин Курти, но и на други политичари со нос како на Пинокио.
Поддржувачите на вонпарламентарната Социјалдемократска партија фрлаа димни бомби околу зградата на Владата во Приштина и бараат оставка од косовскиот премиер.