(ВИДЕО) КРВАВА ПРОСЛАВА НА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА Едно лица загина, а 200 се повредени откако Наполи стана првак на Италија

Масовна тепачка имаше во Удине откако навивачите на гостите од Неапол со своите миленици на теренот го славеа освојувањето на шампионската титула, сето тоа го прекинаа ултрасите на домашниот тим, кои истрчаа на теренот и започнаа тепачка.

366

Шампионската прослава на навивачите на Наполи која траеше цел ноќ на улиците на Неапол беше засенета од смртта на едно лице, како и бројките за најмалку 200 повредени, јавија денеска италијанските медиуми.

За време на прославата животот го загубило 26-годишно момче, кое според медиумите, настрадало во пукање во кое биле ранети други три лица.

 






Според весникот Кориере дела Сера, сè уште не е јасно дали истрелите биле поврзани со навивачката прослава, или, пак станува збор за криминален акт, додека весникот Ла Стампа известува дека жртвата била поврзана со локален мафијашки клан.

 

Уште најмалку 200 луѓе се повредени за време на прославата од убодни рани од нож, изгореници од пиротехнички средства или напади на астма предизвикани од вдишување чад од навивачки факели.

 

Инаку на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговиот Наполи им беше потребен бод против Удинезе (1-1) по 33 години да ја обезбедат шампионската титула на Италија, а на крајот од средбата во Удине нивните навивачи истрчаа на теренот.

Навивачите на гостите од Неапол со своите миленици на теренот го славеа освојувањето на шампионската титула, а сето тоа го прекинаа ултрасите на домашниот тим, кои истрчаа на теренот и започнаа тепачка.

 

Поврзани содржини