(ВИДЕО) КОНКРЕТНО ЌЕ ОДГОВОРИМЕ Зеленски вети одмазда за нападот во Лавов во кој загинаа четворица
Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи. За жал, има загинати и повредени. Дефинитивно ќе има одговор на акциите на непријателот. И тоа конкретни, изјави Зеленски.
Најмалку четири лица загинаа, а бројот на ранети се искачи на 34 во рускиот ракетен напад врз градот Лавов во западна Украина, најголем напад врз градот од почетокот на војната. Градоначалникот Андриј Садови во објава на неговиот канал Телеграм посочи дека спасувачите трагаат по преживеани меѓу остатоците од станбена зграда.
Тој рече дека улицата ќе остане затворена сѐ додека работниците од итната помош не ги „исчистат остатоците и не ги извлечат сите мртви“.
Садови информира дека се оштетени околу 60 станови и 50 автомобили.
⚡ Update: Number of injured in Russian strike on Lviv rises to 34.
As of 8:20 a.m. local time, four people have been killed and 34 injured in Russia’s July 6 attack on Lviv, the Interior Ministry reported.
📷 Lviv Oblast Governor Maksym Kozytskyi/Telegram pic.twitter.com/dA4Z4Hq1Ya
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) July 6, 2023
Регионалниот гувернер Максим Козитски објави видео од 13 секунди на кое се гледа распространета четирикатна станбена зграда со делови од горните катови исчезнати или во урнатини.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „конкретен одговор“ на нападот во Лавов.
– Ова се последиците од полноќниот напад на руските терористи. За жал, има загинати и повредени. Дефинитивно ќе има одговор на акциите на непријателот. И тоа конкретни – рече тој.
Според Зеленски, тешкотиите на бојното поле ја одложиле контраофанзивата на Киев, чија цел е да ги истисне руските сили од териториите во источна и јужна Украина, што се под нивна контрола. Тој во интервју за Си-Ен-Ен призна дека сакал контраофанзивата порано да започне.