(ВИДЕО) КОГА ЌЕ СПОИШ ЧАТБОТ И РОБОТ НА ТЕСЛА ДОБИВАШ… Армијата на Маск уште не е готова, но знае да оди

Роботите можат да ја меморираат собата каде се движат. Еден бот беше прикажан како зема предмети од еден контејнер и ги става во втор контејнер.

824

Луѓето на социјалните мрежи долго дебатираат за тоа каков софтвер ќе користат роботите на компанијата Тесла. Ќе биде ли тоа ЧатГПТ во роботско тело? Онакво бионичко тело какво што имаат и Софија или роботот Амека кој може да прави човечки гримаси, па дури е и сладок?

Додека чекаме на одговорот, Тесла објави видео од  „армија“ на своите Тесла Ботови кои засега можат да одат бавно, да не се чукаат од секоја маса и  можат да собираат работи од земјата. Препознаваат и предмети.






Новото видео го претстави самиот Илон Маск на еден состанок на акционери на Тесла и притоа тврдеше дека тимот штотуку го составил претходната вечер. Ова е сработеното за година дена, кога првпат беше прикажан прототипот на роботот, неговата „шасија“.

Роботите можат да ја меморираат собата каде се движат. Еден бот беше прикажан како зема предмети од еден контејнер и ги става во втор контејнер.

Технологијата уште се чува во тајност. Можеби ботовите се ориентираат во просторот исто толку неславно како што автомобилите Тесла возат без возач?

Нивното маневрирање потсеќа на ботовите на компанијата Бостон Дајнамикс, но тие веќе трчаат и прават салто назад. Погледнете.

Поврзани содржини