ВИДЕО КОЕ СТАНА ХИТ НА ИНТЕРНЕТ Путин само сака да се ракува, но другите изгледа не сакаат со него (ВИДЕО)
Сега целосно разбирам зошто реши да започне инвазија, напиша корисник на оваа социјална мрежа.
Корисник на социјалната мрежа ТикТок под корисничкото име @ vinil_26 објави видео на кое се гледа како луѓето постојано одбиваат да се ракуваат со Владимир Путин. Видеото набрзо стана хит на интернет.
– Ова е причината поради која го прави она што го прави – напиша корисникот во описот на видеото и набрзо почнаа да течат коментари.
„Се што некогаш сакал Путин е да се ракува со … И Украина“, „Фактот што ми е жал за Путин и сакам да го гушнам е показател дека моето ниво на емпатија стана ненормално високо“, „Како се чувствуваш Путин?“, „Кутриот. Се прашувам што прави деновиве“, „Ова е тажно, не знам зошто, но жал ми е за него“, се само дел од коментарите.
– Сега целосно разбирам зошто реши да започне инвазија – напиша друг корисник на оваа социјална мрежа.
Видеото досега го погледнале речиси два милиони луѓе.
@vinil_26 the beginning of a villain always has to be dramatic #putin #russia #ukraine #fyp ♬ original sound – vinzo