Кога Деан клекнал пред Ана среде уништената Петриња, тие веројатно немале идеја дека нивната свршувачка ќе донесе симбол на надеж за целиот град, пишуваат хрватските медиуми.
Видео од нивната свршувачка го обиколи регионот, а Деан Јаданиќ објасни зошто ја запросил Ана токму на тоа место, во близина на Здравствениот дом.
– Јас сум медицински техничар, вработен во Здравствениот дом во последните 13 години. Одлучив да одам на ова место затоа што јас и моите колеги речиси ќе изгубивме глава таму, не само еднаш, туку и кога ја вадевме целата медицинска опрема од урнатините. Нема вистински момент и нема потреба да се чека затоа што секој момент е вистинскиот момент – вели Деан.