(ВИДЕО) КОЈ Е ТОЗИ ЧОВЕК? Ни на квиз не си го знаат „водачот на Бугарите“

2,423

Иако бугарскиот претседател Румен Радев денеска, на 120-годишнината од погибијата на македонскиот револуционер Гоце Делчев, изјави дека Делчев бил „водач на Бугарите во Македонија и Одринско“, се чини дека има многу млади луѓе во Бугарија кои тоа не го знаат.

За тоа сведочи и овој детал од квиз на бугарската национална телевизија.






На прашањето на водителот „кој е този човек“ што се појавува на фотографијата, две девојки и две момчиња, едноставно, не знаат.

Дополнително, водителот објаснува дека некои од учесниците на квизот изјавиле дека предметот историја им бил омилен. Но, не помага ни тоа.

Како тоа овие млади луѓе не знаат кој е „водачот на Бугарите“?

 

За љубопитните млади момчиња и девојчиња во Бугарија, еве малку детаљи за погибијата на Гоце Делчев на 4 мај 1903 година. Другото го има и на Википедија, во ваква или онаква конотација.

КОЈ ГО ПРЕДАДЕ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ? „Карчо, изгледа дека сме предадени во Софија“, рекол Гоце пред смртта

Поврзани содржини