(ВИДЕО) КАМЕРА ГО УЛОВИ ПАДОТ НА КАНАДЕРОТ ВО ГРЦИЈА! Испуштил вода врз огнот, па исчезнал од радарот, се гледаат само пламените јазици

Заменик-гувернерот на Евија ја потврди веста на evima.gr, велејќи дека жителите на областа го виделе падот на авионот. Во авионот има две лица и паднал во провалија на многу тешко место.

1,385

Канадер се урнал при гаснење на пожар во Грција, а инцидентот се случил во областа Каристос во централниот дел од земјата.

Според информациите на evima.gr, канадерот паднал во пожарот додека се обидувал да го изгаси во Каристос.






Како што може да се види на видеото, канадерот испуштил вода на огнот, потоа со крилото поткачил едно дрво, продолжил да лета и исчезнал, по што може да се види експлозија.

Заменик-гувернерот на Евија ја потврди веста на evima.gr, велејќи дека жителите на областа го виделе падот на авионот. Во авионот има две лица и паднал во провалија на многу тешко место.

Потресно сведоштво на жител вели дека „Видов како кадерот паѓа пред мене, шокиран сум, се надевам дека децата се добро“.

Поврзани содржини