(ВИДЕО) КАКОВ СПЕКТАКЛ ВО БЕЛГРАД! Новак Ѓоковиќ свиреше на саксофон со хрватскиот музичар Стјепан Хаусер

616

Хрватскиот виолончелист Стјепан Хаусер, инаку член на „Ту челос“, одржа спектакуларен концерт во распродадената белградска Арена.

Меѓу првите на концертот пристигнаа Новак и Јелена Ѓоковиќ кои по пристигнувањето го поздравија виолончелистот. Подоцна танцуваа и се забавуваа во првите редови.






Новак во еден момент излезе на сцената на покана на Стјепан и доби голем аплауз од публиката. Потоа, на изненадување на многумина, го зеде саксофонот и свиреше со Хаусер за време на композицијата „Conga“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HAUSER (@hausercello)


Судејќи по видеата, тенисерот ја воодушеви публиката и повторно доби громогласен аплауз.

Видеото на кое Ноле ги покажа своите музички способности стана хит на социјалните мрежи, па многумина коментираат дека најдобриот светски тенисер имал скриени способности за кои никој претходно не знаел.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини