ВИДЕО: КАКО ТОЧНО ИЗГЛЕДА ЦАРСКИ РЕЗ? Од првиот рез до последниот шев

Погледнете интересна анимација која детално покажува како изгледа едно породување со царски рез – од првиот рез до последниот шев. Ќе се уверите дека оваа постапка треба да е опција само тогаш кога е неопходна

305

Царскиот рез е хируршко породување на дете. Тоа вклучува еден засек на стомакот на мајката, а друг на матката. Царскиот рез подразбира оперативно довршување на бременоста за што е потребна индикација/медицинска причина.

Во однос на ситуацијата во која се јавува причината за царски рез, правиме разлика помеѓу итни и планирани операции. Царскиот рез е сериозна операција поврзана со можни ризици и компликации. Најчести компликации на процедурата се инфекција, загуба на крв, тешко зараснување на раните и зголемен интраоперативен и постоперативен ризик од тромбоза. Закрепнувањето на мајката е понапорно отколку во случај на вагинално породување, а целосното закрепнување трае неколку недели. Обично останувате во болница пет дена. По операцијата проблемите остануваат извесно време, при кашлање или смеење, а можни се и проблеми при седење или стоење.






Повеќе за ова видеото, побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини