(ВИДЕО) КАКОВ НЕОБИЧЕН ДУЕТ Доли Партон со „Манескин“ снимија преработка на нејзина песна, стара 50 години
Легендарната американска кантри пејачка Доли Партон сними обработка на нејзиниот хит „Jolene“ (Џолин) од 1973 година со италијанската група „Манескин“, која стана мегапопуларна по победата на Евровизија.

Преработката е снимена во време на објавувањето на нејзиниот нов албум „Рокстар“, но не е вклучена во албумот, туку може да се слушне во специјална верзија.
View this post on Instagram
Судејќи според коментарите на социјалните мрежи, обожавателите се одушевени од оваа необична соработка.
„Доли Партон и ‘Манескин’? Ова е генијално“, „Сега ги сакаме Мајли Сајрус и ‘Манескин’“, „Ова е совршено“, „Момчиња, многу сум горд на вас“, се дел од коментарите на Инстаграм.
Меѓутоа, има и такви на кои не им се допаднала оваа комбинација.
„Оваа песна е уништена ако ја пее кој било, освен Доли Партон“, пишуваат тие.
Песната „Jolene“ е еден од најголемите хитови на 77-годишната пејачка. Текстот на песната е за банкарска службеничка која флертувала со нејзиниот сопруг додека Доли била на турнеја.