(ВИДЕО) КАЈ СЕ ПАРИТЕ И СНИМКИТЕ ОД ЗЛОЧЕВСКИ? Бајден ладно се насмевна, ФБИ „појма нема“

За снимката на која Бајден и синот наводно примаат поткуп од украинскиот бизнисмен Микола Злочевски постојат сомневања дека била избришана или намерно изменета. Но, Пол Абат, заменик директорот на ФБИ на судењето во Сенатот рече дека „појма нема“ дали тие постојат или не, за подоцна да изјави дека тие биле изменети бидејќи тоа може да биде прашање на живот или смрт.

605

Ладна насмевка се оцрта на лицето на американскиот претседател Џо Бајден кога новинар од Пост го праша дали постојат снимки кои покажуваат како тој и неговиот син Хантер Бајден биле поткупени од украинскиот бизнисмен Микола Злочевски во 2015 и 2016 година.

– Каде се парите? Се шегувам – рече Бајден, одмавна со главата и ја напушти просторијата.






Документот наводно открива дека Злочевски им исплатил 5 милиони долари на Бајден и на синот за да се залагаат за смена на украинскиот јавен обвинител Виктор Шокин, што во тој период било во интерес на Злочевски. Претходно, во 2014 година, Хантер Бајден добил директорско место во бордот на фирмата Буризма на Злочевски – големата енергетска компанија која се спомнуваше во медиумите уште кога протекоа мејловите од лаптопот на Хантер, пишува Њујорк Пост.

 

За снимката на која се Бајден и синот постојат сомневања дека била избришана или намерно изменета. Но, Пол Абат, заменик директорот на ФБИ кој е на судење во американскиот Сенат во врска со оваа работа рече дека не знае ништо.

– Немам поим дали има гласовни снимки или не – ѝ рече Абат на сенаторката Марша Блекбурн во вторникот за време на испрашувањето пред Сенатската комисија за правосудство.

– Она што ќе ви го кажам во однос на документот е дека тој е уреден за да се заштити изворот, како што сите знаат, и ова може да биде прашање на живот и смрт – рече Абат за затемнетите информации во ФД на бирото. -1023 извештај.

Абат влезе во жестока расправија со републиканскиот Тед Круз, кој го испрашуваше во Сенатот. Видеото се појави и на јутјуб.


Досието за овој предмет беше стокмено уште во јуни 2020 година откако ФБИ откри информации обезбедени во 2017 година од долгогодишен платен информатор на бирото.

Документот излезе на виделина откако свиркач го извести сенаторот Чак Грасли за неговото постоење претходно оваа година, при што сенаторот потоа му кажа на претседателот на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер.

Грасли вели дека има две снимки од Џо Бајден и 15 снимки од Хантер Бајден кои биле поткупени од 2015 и 2016 година, а кои украинскиот бизнисмен Злочевски рекол дека ги чувал како „осигурување“.

Неодамна од „кобниот“ лаптоп на Хантер протекоа повеќе од 8.800 приватни фотографии. Во некои од фотките тој е сликан гол со проститутки и со дрога.

Хантер беше поврзуван и со кинеските нафтени магнати, но и со наводните биолаборатории во Украина.

ИЗБИЈА 8.800 ГОЛИ ФОТКИ ОД БАЈДЕН ЏУНИОР, ДРОГАТА И ПРОСТИТУТКИТЕ Кобниот лаптоп на синот на претседателот фрла ново светло врз истрагата

КОБНИОТ ЛАПТОП НА СИНОТ НА БАЈДЕН Протекоа ли мејловите за биолабораториите во Украина?

 

 

Поврзани содржини