(ВИДЕО) ИЗВЛЕЧЕНИ СЕ ПОЖАРНИКАРИ ОПКОЛЕНИ ОД ОГАН И ЧАД Хеликоптер на МВР истури 60 тони вода на огнот во Чешиново-Облешево

Со хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување.

3,619

Одделот за воздухопловни единици на МВР  со хелихоптер од типот Ми-171 денеска  учествуваше во гаснење на пожарот на територија на општина Чешиново-Облешево, меѓу Кочани и Пробиштип. За време на акцијата хеликоптерот изфрли повеќе од  60 тони вода, информира МВР

– Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола – велат од МВР.






Исто така, додаваат оттаму, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување.

 

Поврзани содржини