(ВИДЕО) ИЗГОРЕ ГЕРМАНСКИ МЕРЦЕДЕС КАЈ РОМАНОВЦЕ Петмина пожарникари го гаснеле возилото кај патарината
Петмина пожарникари на ТППЕ Куманово интервенирале на гаснење на пожарот во период од 13:30 до 14:00 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Автомобил „мерцедес“ со германски регистарски табличлки, сопственост на кумановец, вчера изгоре на патарината кај Романовце, објави порталот „Кумановски муабети“.
„На 14.06.2023 во 13.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на наплатна рампа Романовце настанал пожар во патничко моторно возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на Н.Р. од Куманово“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Петмина пожарникари на ТППЕ Куманово интервенирале на гаснење на пожарот во период од 13:30 до 14:00 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во несреќата нема повредени, велат од кумановската полиција.