(ВИДЕО) ИЗЕЛА ХОТ-ДОГ И КОЛАБИРАЛА Откриени детали за трагичната смрт на 16-годишната тинејџерка на Халкидики
Мајката на девојчето за грчките медиуми изјави дека нејзината ќерка била со пријатели на одмор во Ханиоти. Тие биле на забава во вторникот вечерта, а потоа во раните утрински часови во средата, отишле да јадат во локален ресторан за брза храна.
16-годишно девојче од местото Ореокастро во близина на Солун изненадно почина од алергиски шок предизвикан од храната што ја јадела во еден локален ресторан во Ханиоти на Халкидики.
Мајката на девојчето за грчките медиуми изјави дека нејзината ќерка била со пријатели на одмор во Ханиоти. Тие биле на забава во вторникот вечерта, а потоа во раните утрински часови во средата, отишле да јадат во локален ресторан за брза храна.
-Ќерка ми јадела виршла, но беше алергична на млечни производи и отсекогаш беше внимателна кога јаде надвор. Не знам што точно се случило и дали имало нешто млечно во тоа што го јадела, колабирала веднаш штом го изела сендвичот со виршла, потресено открива мајката на починатата тинејџерка, пренесува Ореокастро24.гр
Еден од нејзините пријатели веднаш отрчал во собата каде што престојувале за да и донесе лекови, а во меѓувреме повикале и брза помош која според сознанијата на грчките медиуми, пристигнала по 45 минути.
-Според доказите се чини дека моето девојче доживеало алергиски шок и почина. Таа беше најубавото дете и почина на само 16 години, без помош. Во болницата два пати се обидувале да ја реанимираат, но не успеале – вели неутешната мајка.
Девојчето наводно прашало дали храната содржи некои од состојките на кои била алергична, а од ресторанот и дале негативен одговор. Но, откако го изела оброкот доживеала алергиски шок кој бил фатален.
Погребот на девојчето е денеска во Ореокастро, малото место е завиено во тага од трагичниот настан.
ТРАГИЧНА СМРТ НА ХАЛКИДИКИ Тинејџерка починала на ручек во ресторан