(ВИДЕО) ИМ ПРОНАШЛЕ КУСОК МАРИХУАНА И ВИШОК СУВИ ЦВЕТОВИ Претреси во две фирми за производство на канабис во Неготино

При претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности, информира МВР.

301

Претреси во простории на две фирми во Неготино овластени за одгледување канабис за медицински цели извршени се вчера и откриени се низа неправилности, информира МВР.

При претрес во едното правно лице било констатирано дека од четири реколти недостасуваат околу 40 килограми од канабис, како и низа неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на член 62, член 29-Д, член 29-Г и член 95-В од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, наведува МВР.






При претресот во другото правно лице бил пронајден сув цвет од канабис за кој било доставено известување до комисијата, сув цвет за кој допвра ќе се достави документација до комисијата, а биле констатирани и повеќе неправилности со кои правното лице постапувало спротивно на членовите 29-Г, 29-Д и 29-Ѓ од Законот за контрола на опојни дроги.

Претресите, врз основа на судска наредба, ги извршиле полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дорга, оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија во координација со ОВР Неготино, како и членови на Комисија за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство. По целосно докумнетирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против правните и одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

Поврзани содржини