(ВИДЕО И ФОТО) ДОДЕКА КРАДЕЛЕ ЦИТОСТАТИЦИ, ОД ФОНДАЦИЈАТА НА ЗАЕВИ ДОБИВАЛЕ ПЕРИКИ?! Криминалот на Онкологија не бил можен без силна политичка поддршка
Утре во 18 часот пред Владата ќе се одржи протест од кој ќе се побара не само кривична, туку и политичка одговорност за скандалот кон ја згрози јавноста и докрај ја наруши довербата на пациентите во здравствениот систем.
Откако во петокот МВР влезе на Клиниката за онкологија во рамки на предистрагата за скандалот со цитостатици и со начинот на лекување на онколошките пациенти, не стивнува згрозеноста и жестокиот револт кои граѓаните ги искажуваат на социјалните мрежи.
Според досегашните сознанија на медиумите и на семејства чии блиски биле пациенти на Клиниката, постојат сериозни индиции дека станува збор за грозоморен криминал.
Додека опозицијата обвинува дека со години се толерирало, како што наведува, организирано масовно убиство, премиерот Димитар Ковачевски бара одговорност за виновниците. потенцирајќи дека не треба да се создава атмосфера за колективна осуда на медицинскиот кадар.
Вчера обвинителство преку соопштение информираше дека освен што биле одземени компјутери и документи од Клиниката за инкологија во рамки на предистрага, туку имало претрес и во два стана.