(ВИДЕО) ХАОС ВО КОЛОРАДО Прва титула за Денвер во НБА, Јокиќ е МВП на финалната серија
Ова е резултат на неверојатниот напор на целиот тим. Затоа кошарката е забавен спорт, никогаш не можеш да кажеш што ќе се случи. Среќен сум што го добивме овој меч, изјави Јокиќ.
Денвер нагетс ја освои првата НБА титула во својата 47-годишна историја, предводен од Никола Јокиќ, кој постигна 28 коша во решавачкиот петти меч против Мајами хит, по што беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето на плеј-офот. Нагетс ја доби финалната серија со 4:1 по победата од 94:89.
– Работата е завршена, можеме да си одиме дома – изјави Јокиќ.
View this post on Instagram
Дваесет и осумгодишниот српски центар, кој во финалето против Мајами имаше просек од 30,2 поени, 14 скокови и 7,2 асистенции по натпревар, одново ја испиша историјата на НБА плеј-офот. Тој стана првиот играч во историјата кој во постсезоната бил најдобар стрелец (600 поени), најдобар скокач (269) и најдобар асистент (190). Притоа го собори 56 години стариот рекорд со десет трип-дабл учиноци во плеј-офот.
И покрај своите доминантни бројки, Јокиќ остана скромен по големата победа.
View this post on Instagram
– Ова е резултат на неверојатниот напор на целиот тим. Затоа кошарката е забавен спорт, никогаш не можеш да кажеш што ќе се случи. Среќен сум што го добивме овој меч – изјави Јокиќ.
Јокиќ стигна во САД преку белградскиот клуб Мега визура, каде што и ја почна професионалната кариера. Денвер го избра како 41. пик на драфтот во 2014, со што Јокиќ стана најниско рангираниот избор на драфтот кој бил прогласен за МВП на финалето.
View this post on Instagram