(ВИДЕО) ГРЦИТЕ ЕМОТИВНО СЕ ЗБОГУВАА ОД УБИЕНИОТ НАВИВАЧ Сликата на трагично загинатиот Михалис преку целата трибина во Атина

Реванш натпреварот меѓу АЕК и Динамо, кој првично беше одложен поради инцидентот, вечерва започна со едноминутно молчење, со огромна фотографија од навивачот кој трагично го загуби животот.

483

Навивачите на АЕК емотивно се простија од убиениот навивач Михалис Катурис, кој го загуби животот при хулиганска тепачка што се случи минатата недела во Атина пред дуелот меѓу АЕК и Динамо Загреб во 3.квалификациско коло за Лигата на шампионите.

Реванш натпреварот меѓу АЕК и Динамо, кој првично беше одложен поради инцидентот, вечерва започна со едноминутно молчење, со огромна фотографија од навивачот кој трагично го загуби животот.






На првиот натпревар во Загреб, АЕК славеше победа со 2-1. На реваншот во Атина, хрватскиот тим води со 2-0 и пред пласман во пле-офот во кој победникот од овој дуел ќе игра против белгискиот Антверпен.

Поврзани содржини