(ВИДЕО) ГОЛМАНОТ ВАСЕН Е ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА Синоќа го оживуваа на терен во Холандија

1,680

Натпреварот од седмото коло во првенството на Холандија меѓу Валвик и Ајакс синоќа беше прекинат во 85. минута откако голманот Етиен Васен доби удар во главата од Брајан Броби при обид да стигне до топката пред него.

Фудбалерот на Ајакс ненамерно го удри голманот кој загуби свест, а потоа докторите втрчаа на теренот да интервенираат и да го оживеат Васен.

Во сцените кои потсетуваат на ЕУРО 2021 кога срцето на Кристијан Ериксен застана, играчите на двата тима ги опколија Весен и лекарите за да не ги снимаат камерите. Васен по речиси десет минути на носилки беше префрлен во болница.

По натпреварот пристигнаа добри вести од болница затоа што голманот извршил тестови и се наоѓа во стабилна состојба.

Поврзани содржини