(ВИДЕО) ГИ ШУТНА ЦВЕЌИЊАТА ЗА ИСКАСАПЕНАТА ТИКТОКЕРКА ЗАТОА ШТО БИЛА ТРАНСРОДОВА! Хулиган во Белград упадна на собирот за убиената Ноа

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како маскираното лице ги клоца и гази цвеќињата, а потоа го грабнува знамето со виножито, симбол на ЛГБТ популацијата и го кине.

2,737

Непознато лице синоќа го шутна цвеќето положено до споменикот на кнезот Михаил во центарот на Белград и ги искина и фрли знамињата во боите на виножитото, кои беа поставени во спомен на убиената тиктокерка Ноа Миливојев (18). Да потсетиме, Нова беше трансродова личност. Таа вчера била пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, а за нејзиното убиство е уапсен Огњен Д.(33).

Во најстрогиот центар на Белград синоќа се случи страшен излив на омраза кога, засега непознато лице, облечен во црно се приближи до споменикот на чии скали беа положени букети цвеќе, запалени свеќи и подигнати знамиња од виножитото.






На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како тој ги клоца и гази цвеќињата, а потоа го грабнува знамето со виножито, симбол на ЛГБТ популацијата и го кине.

Засега не се знае дали полицијата го идентификувала осомничениот млад човек.

Голем број луѓе ја следеа Нова на социјаните мрежи, најмногу на ТикТок каде таа споделуваше детали од својот живот.

Нејзините пријатели синоќа се простија од неа на плоштадот Трг Република.

 

ИСКАСАПЕНО ТЕЛОТО НА СРПСКАТА ТИКТОКЕРКА Делови биле пронајдени во канти

 

Поврзани содржини