(ВИДЕО) „ГИ ПОТИСНАВМЕ КОПИЛИЊАТА“ Хулиганите од Левски се пофалија како се спротивставиле на македонската полиција

Имавме судир со „ACAB“ откако провоцираа во нашиот сектор по што ги истуркавме надвор. Видео откако ги турнавме”, објавуваат навивачите на Левски.

1,399

Симпатизерите на бугарскиот фудбалски клуб Левски Софија се фалат дека во Скопје пред стартот на натпреварот со Шкупи се судриле со македонската полиција, па откако успеале да ги потиснат, специјалците морале да се повлечат.

,,Имавме судир со „ACAB“ откако провоцираа во нашиот сектор по што ги истуркавме надвор. Видео откако ги турнавме”, објавуваат навивачите на Левски.






Во речникот на навивачите „ACAB“ е кратенка од фразата ,,All cops are bastards” односно ,,сите полицајци се копилиња”.

По судирите во Скопје беа притворени дваесетина навивачи, а еден беше прободен со нож.

Провокациите на бугарските навивачи на натпреварот со Шкупи траеја целиот меч. Покрај извиците „Македонија е блгарска“ фановите на Левски скандираа и „Убиј убиј ши….ра“ што предизвика револт на стадионот.

Поврзани содржини