(ВИДЕО) ФРАЕРИШТА НЕВИДЕНИ Заев и Филипче на мотори крстарат низ Грција, ги заболе курблата за состојбите во нашето правосудство
На пат Зоки и Венко тргнале на 22 април, а целта им е економскиот форум во Делфи. Ја пропатувале Западна Грција и Пелопонез, а после Делфи нема да се вратат брзо, бидејќи ги чекаат Солун и Халкидики. Тежок живот...
Поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче на мотори пристигнале на „Делфи форумот“ во Грција.
Станува збор за мотори „БМВ ГТЛ“ од 1.600 кубици. Основниот модел чини нешто помалку од 27.000 евра. Ситница…
Заев за грчкиот интернет портал Вориа објаснил дека патувањето почнало на 22 април од Скопје. Од таму тој со својот возел низ областите на Западна Грција, а потоа отпатувал и за Пелопонез.
Вчера попладне Заев пристигнал во Делфи, каде што ќе биде говорник на економскиот форум.
По Делфи, како што пишува Вориа, тој ќе го продолжи патувањето за Солун, од каде се очекува да замине на Халкидики.
Како што се гледа од видео, верен придружник на Заев е Филипче. Тие подолго време се блиски како петок и сабота. Двајцата имаат исти мотори, а и двајцата очигледно се толку многу загрижени за состојбите во Северна Македонија и посебно во правосудството, што морале да си дозволат едно вакво патување за да го совладаат разочарувањето.
Се гледа таа болка и на нивните лица. Еве, доказ е ова видео: