(ВИДЕО+ФОТО) СЕ СЕКИРА ЛИ НЕКОЈ ЗА МОСТОТ КАЈ СЕКИРНИК? Чудо е како овој мост уште не убил никого

Иако патот не е асфалтиран, преку мостот кај село Секирник е поврзана обработлива земјоделска површина од околу 50 хектари, така што него секојдневно го користат лесни возила, земјоделска механизација, па и камиони.

356

Mостот во атарот на село Секирник, во општина Босилово се наоѓа во очајна состојба, видливо е оштетен, и претставува голема опасност за сите што го користат – рече денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, кој на покана на градоначалникот на Општина Босилово Ристо Манчев го посети местото.






Иако патот не е асфалтиран, преку мостот кај село Секирник е поврзана обработлива земјоделска површина од околу 50 хектари, така што него постојано го користат лесни возила, земјоделска механизација, па и камиони.

Поврзани содржини