(ВИДЕО) ЌЕРКАТА НА ЈОКИЌ СТАНА ОМИЛЕНА ВО НБА Малата Огњена ги размрда пехарите и го украде шоуто во прославата на титулата
Ќерката на Јокиќ која во септември ќе полни две години во еден момент сфати дека НБА трофеите може да ги искористи и како тапани.
Никола Јокиќ ја освои титулата во НБА и стана МВП на финалната серија, но неговата ќеркичка Огњена го украде шоуто во прославата и стана омилена во НБА!
НБА лигата објави интересно видео во кое Никола Јокиќ заедно со сопругата Наталија и ќерката Огњена позира покрај освоените трофеи. Ќерката на Јокиќ која во септември ќе полни две години во еден момент сфати дека НБА трофеите може да ги искористи како тапани. Овој симпатичен момент забележан од камерите стана вистински хит.
Using dad’s trophy as drums 🥁
The Jokic family 💕 pic.twitter.com/wmLVUCEIHs
— NBA (@NBA) June 13, 2023
Ќерката на најдобриот кошаркар на светот е родена во септември 2021 година, но со мајка и Наталија веќе е редовен посетител на натпреварите на на нејзиниот татко.
Малата Огњена има јакна со број 15 над кој пишува „тато“, а и направија и специјален дрес од Денвер. Сега го доби својот прв НБА и МВП трофеј!

Во текот на целата финална серија, ќеркичката на Јокиќ беше миленик на публиката и за двата тима, а сега повторно беше во центарот на вниманието. Со неполни две години, Огњена веќе прослави шампионска титулата на рамениците на најдобриот кошаркар во НБА.

Никола Јокиќ во текот на прославата на титулата не се одвојуваше од неа, а на прес-конференцијата уште еднаш истакна колку му е важна поддршката од семејството и колку е среќен што ги има покрај себе ќерката и сопругата во најсреќните моменти во кариерата.