(ВИДЕО) ЕЛИФ ЕЛМАС КАКО ГОРАН ПАНДЕВ Втор Македонец со шампионска титула во Италија
Македонскиот репрезентативец со Наполи го слави „Скудетото“
Наполи стана шампион на Италија по трет пат во историјата. Дел од новата шампионска генерација на Наполи е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој стана втор Македонец по Горан Панедв, со шампионски пехар во Серија А.
Македонскиот репрезентативец синоќа беше стартер по 13-ти пат сезонава и има 35 настапи во вкупно 38 кола.
Сезоната ја завршува со забележителен учинок, постигна 6 гола и 3 асистенции, на секој натпревар беше на висина на задачата за што често добиваше пофалби од тренерот Лучано Спалети.
За македонскиот репрезентативец ова е втор трофеј откако ја игра четвртата сезона во дресот на Наполи, после Купот на Италија во 2019/2020.
#7: ELJIF ELMAS 🇲🇰#NAPOLISCUDETTO pic.twitter.com/zSlT6ol0le
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 4, 2023