(ВИДЕО) „ЕДНАШ СИЛУВАВ НЕКОГО, ПА ЈА УБИВ“ Протече старо видео од актерот Расел Бренд
Актерот Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и злоставување на 4 жени, по заедничката истрага на лондонските „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Канал 4 диспечес“ – а една жртвите наводно имала само 16 години во тоа време.
Актерот Расел Бренд е обвинет за силување, сексуален напад и злоставување на 4 жени, по заедничката истрага на лондонските „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Канал 4 диспечес“ – а една жртвите наводно имала само 16 години во тоа време.
Овојпат „Дејли мејл“ објавиле видео, кое во меѓувреме е избришано од Јутјуб откако се појавиле обвинувањата, а на кое актерот се шегувал на тема силување. Имено, тој бил гостин во поткастот на Ричард Херинг во 2013 година. Во еден момент актерот, кој е познат по својот црн и тежок хумор, кажал: „Ох, еднаш силував некого“, на што публиката се насмеала. „Потоа ја убив“, додал Бренд.
Во истото видео тој се шегувал и на сметка на „старите Грци кои имале сексуални односи со деца додека решавале математика“. „Тоа не им пречело. Тие биле паметни, зар не?“, зборувал актерот.
Неговите шеги се нижеле, правел шеги и за возрасните, односно дадилките кои имале сексуални чинови пред децата.
Бренд, кој себеси се нарекол сексуален нарцис, исто така во видеото ја коментирал и публиката: „Погледнете ги жените во оваа соба. Дури и храбра процена би било дека сум спиел со половина од нив“.
Видеото е избришано од Јутјуб-каналот на Ричард Херинг, а можете да го погледнете ТУКА.
Бренд претходно објавил превентивно видео во кое ги негира наводите на Јутјуб и „Х“ (поранешен Твитер), без да ги спомене тужителките по име.
View this post on Instagram
Тој ги негирал наводите на медиумите инсистирајќи дека неговите односи секогаш биле консензуални. Тој ги опишал извештаите како „нечуени и агресивни напади“.
„Во деновите на мојата најголема слава бев многу, многу промискуитетен. Но, односите кои ги имав беа апсолутно секогаш консензуални. Тогаш секогаш бев транспарентен за тоа, речиси премногу транспарентен, а транспарентен сум и сега. Постои ли некоја друга агенда во играта?“, навел тој.
Една од жените која го обвинува тврдела дека таа имала 16 години кога ја започнале врската, а се запознале додека пазареле во центарот на Лондон. Жената, чие вистинско име е променето во „Сандеј тајмс“, изјавила дека Бренд испратил автомобил во нејзиното училиште за да ја земе од настава.