(ВИДЕО) ЌЕ БИДЕТЕ ЗБРИШАНИ АКО ЈА НАПАДНЕТЕ ПОЛСКА Стотици тенкови парадираа во Варшава како одговор на ширењето на „Вагнер“ во Белорусија

Неколку илјади војници на групата Вагнер во Белорусија ќе бидат збришани за само неколку часа доколку се обидат да ги нападнат Полска и јазот Сувалки, објави на Твитер каналот Вишеград24.

4,738

Стотици тенкови пред два дена парадираа во Варшава во најголемата парада во земјата од Студената војна, а аналитичарите пишуваат дека парадата доаѓа токму во очи на распоредувањето на неколку илјади војници на руските платеници „Вагнер“ во Белорусија. Полска ѝ одговара на Русија со парада, но и со распоредување 10.000 војници на исток, заедно со 15.000 припадници на граничната стража кои ќе обезбедуваат сѐ додека не се постави ограда висока 5 ипол метри.

Каналот Вишеград24 на Твитер објави:






„Полска ги изнесе своите нови јужнокорејски тенкови „К2 Црн Пантер“ на улиците на Варшава. Неколку илјади војници на групата Вагнер во Белорусија ќе бидат збришани за само неколку часа доколку се обидат да ги нападнат Полска и јазот Сувалки“.

Јазот Сувалки, коридор долг само стотина километри е четиримеѓе меѓу Полска, Литванија, Белорусија и Калиниград – руска територија во срцето на Европа. Евентуалниот конфликт во овој регион би можел да предизвика нов конфликт на континентот.

Според Ројтерс, во Варшава парадираа околу 200 копнени возила, 92 воздухоплови и 2.000 војници. Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак им рече на присутните во толпата дека „ние изградивме моќни вооружени сили кои ефикасно ќе ги бранат нашите граници без двоумење“.

Блашчак рече дека и 6.000 војници ќе претставуваат резерва за чување на границата со Русија.

 

 

Во меѓувреме, „Вагнер“ се регистрираа во белорускиот регион Могилев и тоа како „образовна организација“. Минатиот месец во истиот регион беше регистрирана фирмата „Конкорд менаџмент и консалтинг“, чии активности се поврзани со управување со недвижности, а која е во сопственост на компанија со исто име како друга во сопственост на Евгениј Пригожин, основачот, сопственикот и лидерот на „Вагнер“.

Снимките на „Планет Лабс“ покажуваат дека шаторите се намножуваат во кампот каде „Вагнер“ се сместија. Еден руски новинар прогнозираше дека Пригожин ќе биде мртов за пет месеци од сега.

 

 

Полските власти уапсија двајца Руси и ги обвинија за шпионажа. Тие наводно дистрибуирале пропаганден материјал во име на руската платеничка група Вагнер. Полска неодамна и официјално ја прогласи Русија за непријателска земја.

Литванија вчера затвори два гранични премини со Белорусија.

 

 

Поврзани содржини