(ВИДЕО) ДРОНОВИ НАМЕСТО ПОЖАРНИКАРИ Еве како Кинезите гаснат пожар во висококатница
Видеото со иновативното кинеско решение за справување со огнот привлече големо внимание на интернет.
Три дронови успешно гаснат пожар во висококатница, во кинеската провинција Шанкси. Видеото со иновативното кинеско решение за справување со огнот привлече големо внимание на интернет. Видеото со кинеските дронови како гаснат пожар, на Твитер го сподели сајтот Шаринг Травел, со опис „противпожарната бригада во Шанкси пробува нови играчки“.
На него се гледаат три беспилотни летала кои лебдат околу запалената повеќекатна зграда и ја полеваат со вода преку цревото прикачено на секој од нив.
The fire brigade in Shaanxi is trying new toys. Drones with water pipes. 😃😃😃 pic.twitter.com/x2edk24GBN
— Sharing Travel (@TripInChina) July 19, 2023
Иан Бремер, политиколог и претседател на Групацијата Евроазија, го сподели клипот на социјалните мреж.
„Иднината е овде“ – им порача Бремер на своите многубројни следбеници. Некои беа импресионирани од употребата на технологијата во справувањето со пожарот, но други рекоа дека тоа е само шоу и дека таквата употреба на дронови нема многу смисла.
„Тежината на цревата во голема мера ќе ја ограничи висината на која може да работи таков дрон. Не изгледа многу корисно“ – стои забелешка во еден од коментарите под видеото.