(ВИДЕО) ДРАМА ВО ТУРЦИЈА, ШТО Е СО ЕРДОГАН?! Директниот пренос веднаш беше прекинат откако му се слоши на турскиот претседател!

Вчера и денеска беа напорни денови. Поради тоа добив стомачен вирус. Во еден момент се запрашав дали би било погрешно разбрано ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Им се извинувам на сите, рече Ердоган.

5,109

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот го прекина телевизиското интервју во живо, по што им се извини на гледачите, објаснувајќи дека има повремени стомачни болки.

Шеесет и деветгодишниот турски лидер одржа три предизборни говори во вторникот пред парламентарните и претседателските избори на 14 мај.






Сепак, неговото појавување на ТВ Улке доцнеше повеќе од 90 минути, а потоа го прекина разговорот на десет минути од почетокот на емисијата.

Камерата се затресе, а новинарот кој го постави прашањето стана од столот и гледаше зачудено, по што беше прекинат преносот.

Од зад камерата се слушаше неидентификуван глас како воздивнува.

Ердоган се врати околу 15 минути подоцна, објаснувајќи дека му е лошо.

– Вчера и денеска беа напорни денови. Поради тоа добив стомачен вирус. Во еден момент се запрашав дали би било погрешно разбрано ако го откажеме интервјуто. Но, ветивме. Им се извинувам на сите – рече Ердоган.

 

Неговото лице изгледаше уморно, а очите му солзеа додека зборуваше.

Турскиот лидер одговори на уште неколку прашања пред да заврши емисијата.

Ердоган и неговата партија доминираа со турската политика во последните 20 години. Сепак, оваа изборна кампања претставува еден од најтешките предизвици на Ердоган за време на неговото долго владеење.

Поврзани содржини