(ВИДЕО) ДАВАЈТЕ ШТО ИМАТЕ ДА ГИ ОДГЛАВИМЕ ОД ПРИТВОР Бугарските навивачи на под расфрлаа евра, денари, левови…
Гест од навивачите на Левски! Собирање пари за ослободување на притворените поддржувачи, се наведува на сајтот.
Бугарскиот спортски сајт Гонг објави видео од фановите на клубот Левски кои одбиле да си заминат од Скопје сѐ дури не соберат пари за ослободување на нивните другари навивачи кое беа притворени по инцидентите во вчерашниот меч против Шкупи. „Гест од навивачите на Левски! Собирање пари за ослободување на притворените поддржувачи“, се наведува на сајтот.
Видеото погледнете го овде.
Бугарските навивачи излегоа со разни сведоштва и го вперија прстот кон македонската полиција. Пријател на избодениот Бугарин Драго во Чаирчанка тврдеше дека полицискиот кордон престанал да ги придружува возилата од автопатот и дозволил тие по грешка да влезат во скопската населба Чаир пред самиот меч.
Друг навивач на Левски, Николај Николов, се жалеше на односот на македонската полиција.
Тој вели дека тие биле неправедно приведени по наплатната рампа пред стадионот.
– 12 часа бевме без апсолутно никаква вода или ништо за јадење, не смеевме никого да се јавиме. Целосно исмевање на нашите права. Бевме заглавени додека не си ги вратиме документите. А, за ова да се случи секој требаше да платиме по 300 евра по човек.
Околу 2.000 бугарски навивачи вчера беа присутни на Градскиот стадион во Скопје за да го бодрат својот тим од Софија.