(ВИДЕО) ДАНИЕЛ ПОПОВИЌ ГО ТУЖИ Д ВИКЕНД ЗА ПЛАГИЈАТ Хрватскиот пејач ангажирал адвокат против светската ѕвезда
Даниел неодамна случајно откри дека мелодијата на големиот хит на Д Викенд „Save your tears“ потсетува на неговата песна „Знам да си ти та“ од раните 90-ти.
Пејачот Даниел Поповиќ слави 50 години кариера. Подготвува нов албум, а штотуку сними спот за новата песна „Тијесан капут“. Во интервју за „Инмагазин“, тој се потсети на некои од најголемите успеси во кариерата.
– Сакав да предупредам со „Тијесан капут“ дека сите на некој начин се чувствуваме тесно во сопствената кожа и дека понекогаш сакаме да побегнеме од сè, да и дадеме простор на душата да избега на друго место и во оваа песна, која е балада, убава љубовна песна која зборува токму за тоа – рекол Даниел, кој по освоеното четврто место на Евровизија во 1983 година, ја покори Европа.
Даниел неодамна откри дека мелодијата на големиот хит на Д Викенд „Save your tears“ потсетува на неговата песна „Знам да си ти та“ од раните 90-ти. За првпат во животот решил да тужи за плагијат, пишува „Вечерњи лист“.
– Ангажиравме една адвокатска канцеларија, издавачка куќа која на некој начин ќе стане сопственик на оваа песна за да можеме да продолжиме со неа, така што тој договор веќе се подготвува. Ќе се потпише и потоа ќе се преземат мерки. Па, што ќе биде!“, заклучил Поповиќ.
Слушнете ги двете песни и проценете дали навистина во прашање е плагијат:
ФОТО: Инстаграм/Wikimedia Commons