(ВИДЕО) „ДА НЕ СЕ ЖАЛИМЕ ТУКУ ДА НАПРАВИМЕ НЕШТО“ Актерот Шварценегер асфалтираше дупка на патот во Лос Анџелес

Треба да го направиме ова сами. Ова е лудило. Чекав три недели да се затвори оваа дупка..., вели актерот.

224

Австриско-американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер ја наполнил дупката на патот во неговата населба во Лос Анџелес со асфалт, за кој рекол дека чекал три недели да се поправи.

Актерот кој се прослави со улогата во филмот „Терминатор“, на својот профил на социјалната мрежа Твитер објави видео каде тој и членовите на неговиот тим ја асфалтираат дупката на патот.






– Денеска, откако целото маало се вознемири поради оваа огромна дупка која со недели ги блокираше автомобилите и велосипедите, излегов со мојот тим и ја поправив. Секогаш велам, да не се жалиме, ајде да направиме нешто околу тоа – изјави Шварценегер.

На видеото додека Шварценегер и неговите помошници ја полнеле дупката со асфалт, се слушала фанк музика. Во еден момент, една од соседите на Шварценегер застана во нејзиниот автомобил за да му замавне на актерот, а тој возвратил на поздравот.

– Нема на што. Треба да го направиме ова сами. Ова е лудило. Чекав три недели да се затвори оваа дупка… – рече тој.

Портпаролот на Шварценегер, Даниел Кечел, рече дека луѓето од соседството на актерот постојано барале тие и другите дупки во областа да се санираат откако неодамнешните бури и други временски услови ги опустошија улиците.

 

Поврзани содржини