(ВИДЕО) ЦИА ГИ КАНИ РУСИТЕ ДА СОРАБОТУВААТ „Бараме сигурни луѓе за да ја дознаеме вистината“
ЦИА сака да ја дознае вистината за Русија, а ние бараме сигурни луѓе кои можат да ни ја кажат таа вистина. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите, се наведува во видеото.
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) преку видео објавено на Телеграм ги повика незадоволните Руси, од политиката на претседателот Владимир Путин, да ѝ достават разузнавачки информации за нивната земја.
Кратко видео на ЦИА покажува руски функционер заедно со неговата сопруга и дете во нивниот дом, како очигледно имаат тежок живот и се прашуваат дали тоа се совпаѓа со нивните соништа.
CIA posted a recruitment ad for Russians 4 hours ago:
“Why I Contacted the CIA: My Decision”https://t.co/TsMEIPgMXB pic.twitter.com/rQEfHhN3eY— Vanessa Prevost (@vanessa_p_831) May 16, 2023
Видеото сугерира дека Русите можат да бидат патриоти и да дејствуваат за да ги подобрат работите со обезбедување разузнавачки информации за ЦИА.
„ЦИА сака да ја дознае вистината за Русија, а ние бараме сигурни луѓе кои можат да ни ја кажат таа вистина. Вашите информации можеби се повредни отколку што мислите“, се наведува во видеото.
Американската агенција соопшти дека се надева дека ќе воспостави контакт со луѓе кои работат во разузнавањето, дипломатијата, науката и технологијата, додавајќи дека е заинтересирана за сите видови разузнавачки податоци, вклучително и политички и економски.