(ВИДЕО) БУГАРСКИТЕ НАВИВАЧИ СЕ СТЕПАА СО ПОЛИЦИЈАТА НА ГРАДСКИ Летаа канти за ѓубре во Чаир
Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.
Уште незапочнат натпреварот помеѓу скопски Шкупи и бугарски Левски на арената „Тодор Проески“ во Скопје, веднаш избија инциденти околу најголемиот македонски стадион.
Навивачите на Левски уште со самото влегување на стадионот почнаа со навредливи слогани и извици со провокации кон дел од навивачите на македонската екипа кои пристигнуваа на стадионот, поради што мораше да интервенира и полицијата.
„Уби, уби Шиптара… Ова е Бугарија… Цигани…“ – се дел од навредливите слогани упатени кон играчите на Шкупи кои во моментов се загреваат во очекување на натпреварот.
Сето тоа предзвика и реакција на македонската полиција која мораше да скроти дел од навивачите на Левски кои ја напуштија својата предвидена зона на Источната трибина, па следуваа и апсења за дел од најагресивните навивачи на бугарската екипа.
Според информациите до кои дојдовме, уапсени се најмалку тројца навивачи на Левски, а информација за повредени полицајци сѐ уште нема.
Претходно, инцидент се случил и во скопската населба Чаир, каде што навивачите на Левски биле нападнати од фанови на Шкупи.
Чаирчанка, нападнати две бугарски возила pic.twitter.com/bwkoYfXJ7e
— Зеко (@MeZnaesOdSank) July 27, 2023
Попладнево, навивачите на Левски не штедеа зборови како да го понижат македонскиот народ ниту пред камерите: