(ВИДЕО) БРАВО ЗА ХРАБРИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Спасена дива мечка од стапица во атарот на село Брајчино
Припадниците на МВР денеска заедно со ветеринар, ловочувар и лица од ДЗС го спасиле животното, кое потоа е вратено назад во планината.
Полицајци спасија дива мечка фатена во стапица во атарот на село Брајчино.
„Во близина на манаститот Св. Петка полициски службеници од Регионалниот центар Југ, во атарот на селото Брајчино спасија дива мечка фатена во стапица“, соопштија од МВР за МИА.
Тие денеска заедно со ветеринар, ловочувар и лица од ДЗС го спасиле животното, кое потоа е вратено назад во планината.