(ВИДЕО) БЕЛАТА КУЌА КРИЕ ИНЦИДЕНТИ Кучето на Бајден ги искасало членовите на Тајната служба, еден завршил во болница
Во 2021 година, медиумите објавија мејлови од членови на претседателското обезбедување, во кои се наведува дека уште едно од кучињата на Бајден, Мајор, речиси секојдневно касало луѓе.
Германскиот овчар по име Командант, сопственост на американскиот претседател Џозеф Бајден, за четири месеци каснал седум службеници на тајните служби.
Еден од офицерите на Тајната служба, кој кучето на Бајден го касна за раката и бутот, мораше да биде хоспитализиран, а друг агент бил нападнат од Командант кога Бајден го донел кучето откако гледал филм со семејството, пренесува „Њујорк пост“.
– Наместо да ги заштити своите агенти, Тајната служба се обиде незаконски да сокрие документи за злоупотреба на нивните вработени од страна на семејството Бајден – изјави Том Фитон, претставник на „Judicial Watch“.
Како што пренесува „Њујорк пост“, извештаите за нападите на Командант врз луѓе се случиле во периодот од септември 2022 година до јануари 2023 година, а веројатно можело да има и повеќе.
Во 2021 година, медиумите објавија мејлови од членови на претседателското обезбедување, во кои се наведува дека уште едно од кучињата на Бајден, Мајор, речиси секојдневно касало луѓе.
Вниманието на медиумите го привлече тоа што Белата куќа објави само два вакви „ситни“ инциденти, додека, судејќи според објавената кореспонденција, имало многу повеќе.
По неуспешните обиди да го обучи Мајор, Бајден својот миленик го подари на семејни пријатели и тие да се грижат за него.
На почетокот на својот мандат во Белата куќа, Бајден зел два германски овчара, од кои едниот починал во јуни 2021 година, а во декември истата година Бајден објавил дека добил кученце германски овчар по име Командант.