(ВИДЕО) БЕКТЕШИ ИГРАШЕ ЗА ВЛАЗРИМИ, А СЕГА ИГРА КАЈ ГРУБИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА Премиерот среде пазарење се мајтапеше со министерот за економија

Еве го Бектеши, тој беше спортист на времето. Ама играше фудбал за Влазрими од Кичево, не ракомет. Порано играше за Влазрими, а сега игра за Артан Груби во канцеларија, таму дава голови и постигнува кошови, рече премиерот Димитар Ковачевски.

1,090

Поранешна македонска ракометарка денеска во маркетот во Тафталиџе го застана премиерот Димитар Ковачевски и двајцата пред камерите си разврзаа муабет за своите заеднички пријатели од Куманово.

Жената му се претстави како „најдобрата голманка во Македонија“, а премиерот почна да ѝ набројува свои познанички и пријателки за кои се испостави дека тренирале во ист тим со жената.






На крајот, премиерот ја префрли топката кај министерот за економија Крешник Бектеши, претставувајќи го како спортист.

– Еве го Бектеши, тој беше спортист на времето. Ама играше фудбал за Влазрими од Кичево, не ракомет. Порано играше за Влазрими, а сега игра за Артан Груби во канцеларија, таму дава голови и постигнува кошови – рече премиерот.

На тоа Бектеши одговори дека во канцеларијата на вицепремиерот тој е задолжен за „закуцување кошови“, додека, пак, Артан Груби е задолжен за постигнување голови.

Инаку, премиерот денеска по третпат беше излезен на пазарење во скопските маркети. Тој и овој пат ги повика новинарите и камерманите да го снимаат како ги проверува „замрзнатите“ цени на производите.

Заедно со премиерот Ковачевски беше и министерот за економија, Крешник Бектеши, како и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски.

Поврзани содржини