(ВИДЕО) БАГЕРИ ГО ОРААТ ВОДНО Кој и што гради во забранетата „Зелена зона“? (ВИДЕО)
Градежните работи се вршат на локацијата за која лани во мај протестираа локалните жители по што инвеститорите се повлекоа и запреа со градба.
Порталот Експрес.мк сподели видео кое им било доставено од љубители на природата во кое може да се види дека во „Зелената зона“ на планината Водно денеска се вршат градежни работи кои вообичаено носат нови станбени згради.
Градежните работи се вршат на локацијата за која лани во мај протестираа локалните жители по што инвеститорите се повлекоа и запреа со градба.
Лани медиумите објавија дека се работи за земјиштето на фирмата „Маркеза“ во шумата на Водно, потсетува порталот.
Жителите на Водно, како што пишуваше РСЕ, се жалеа до општината Центар на веродостојноста на документацијата, дека е пробиена максималната катност, до парцелата нема пристапен пат и според нив, не е јасно како на инвеститорот ќе му се овозможи поставување на водоводна, фекална и атмосферска канализација и друга инсталација, при што објектот е со друга намена, а основниот проект содржи грешки и недостатоци.
Последниот аргумент на жителите поднесен лани на 1 април како дополнение на барањето до општина Центар за поништување на дозволата за градба е дека „Маркеза“ приложила фиктивен елаборат.
„Во врска со прашањето за огласување на управен акт за ништовен на одобрението за градење на ДТУ „Маркеза“, Ве информираме дека Секторот за инспекции на Општина Центар сѐ уште постапува по барањето“, наведоа тогаш од општина Центар.