(ВИДЕО) БАЈДЕН НЕ ПРЕСТАНУВА СО ГАФОВИТЕ Претседателот на САД говорот заврши со зборовите „Господе, чувај ја кралицата“, Американците останаа зачудени

Некои од коментарите на социјалните мрежаи се: „Не ми се верува дека некој уште го поддржува“, „Нејасно ми е дека овој човек освоил 81 милион гласови“, „Некој да му даде до знаење дека сме Американци и немаме кралица“.

2,112

Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа говор на Националниот самит за побезбедни заедници во Конектикат. Повикувајќи на построги закони за контрола на оружјето, но крајот од својот говор тој ги збуни сите велејќи – „Господе чувај ја кралицата“.

На интернет набрзо почнаа да се шират видеа од необичната порака на претседателот на крајот од говорот во Конектикат, а корисниците на социјалните мрежи се прашуваат што мислел американскиот претседател кога го кажал тоа, пренесува Би-би-си.






Некои од коментарите на социјалните мрежаи се: „Не ми се верува дека некој уште го поддржува“, „Нејасно ми е дека овој човек освоил 81 милион гласови“, „Некој да му даде до знаење дека сме Американци и немаме кралица“.

Првиот заменик-секретар за печат на Белата куќа, Оливија Далтон, во разговор со новинарите подоцна рече дека овој коментар американскиот претседател го дал „на некој од публиката“.

Поврзани содржини