(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО ХРВАТСКА Ново силно невреме за 15 минути уништи цели кампови во Истра

Силното невреме  го опустоши истарски Новиград. За само 15 минути невремето собори околу 200 дрвја, уништен е кампот Сирена, оштетувања имало и во кампот Лагуна, оштетени се бројни автомобили и камп приколки, дрвја во градот паднале врз црквата, уништени се паркови.

9,521

Во Хрватска започна ново силно невреме, снимки од апокалиптичните сцени ги преплавија социјалните мрежи. Во Пореч има огромен црн облак кој го „проголта“ овој приморски град.






За Загреб најлошото помина, фронтот сега стигна до источниот дел на Хрватска силно невреме во моментов беснее особено околу Бјеловар, но и на Кварнерските острови!

Силно невреме со грмотевици слично на она од пред два дена го погоди Загреб и околината. За разлика од средата, ураганските ветрови изостанаа. Но, дојде до нови штети. Дрво и кабли за струја паднаа на Бијеник.

Силното невреме  го опустоши истарски Новиград. За само 15 минути невремето собори околу 200 дрвја, уништен е кампот Сирена, оштетувања имало и во кампот Лагуна, оштетени се бројни автомобили и камп приколки, дрвја во градот паднале врз црквата, уништени се паркови.

Едно лице е повредено поради падот на неколку дрвја во автокампот во Новиград, а по пристигнувањето на УХМР, потоа била побарана помош за уште пет лица во кампот, сите со полесни повреди. Добиена е пријава и за исчезнување на едно лице од едрилица кај Новиград, по кое потрагата е во тек.

Невидено невреме што го погоди попладнево овој дел од Хрватска за само 15 минути упредизвика огромна материјална штета, но за среќа нема повредени.

Поврзани содржини