(ВИДЕО) „АНГЕЛОТ НА СМРТТА“ ПРОШЕТА НА КРУНИСУВАЊЕТО НА ЧАРЛС? Англикански свештеник се нашол во холот во незгоден момент

Фактот дека во холот поминал обичен свештеник, таканаречен вергер, не ги спречи луѓето на социјалните мрежи да прават паралели со несреќната смрт на некогашната принцеза Дијана, или пак за покојната кралица Елизабета, коментирајќи го видеото.

1,777

Човек во мантил со стап кој личи на т.н. Жетварот на смртта се појави на снимка од крунисувањето на кралот Чарлс III, a по многуте реакции со објаснување излезе Вестминстерската опатија, пренесува Нет.

„Видовте вергер (црковник), припадник на опатската заедница кој помага во верските служби, но не е член на свештенството“, им одговори Палатата на љубопитните новинари од Њузвик.






Ова не го прави видеото од инцидентот помалку морничаво:

 

А каков тип на свештеник е вергер-от?

Според отворената енциклопедија Википедија, Вергер е личност, обично лаик, која помага во верска служба, особено во англиканските цркви. Вергерите во Англија обично носат црни наметки преку црна мантија.

Ова не ги спречи луѓето на социјалните мрежи да прават паралели со несреќната смрт на некогашната принцеза Дијана, или пак за покојната кралица Елизабета.

Церемонијата од Лондон ја следеа луѓе од целиот свет, а во живо само на каналите на Би-Би-Си ја следеа повеќе од 14 милиони гледачи.

На церемонијата присуствуваше и принцот Хари кој допатува од САД, но без сопругата Меган. Британските медиуми коментираат и прашуваат зошто Хари воопшто „се мачел да дојде на крунисувањето“.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неодамнешно интервју рече дека војвотката Меган се однесувала со непочит према кралицата Елизабета.

Тој го коментираше и фактот што актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, не присуствуваше на крунисувањето, велејќи дека Бајден „ќе спие“ за време на настанот.

Поврзани содржини