(ВИДЕО) АЛФА ГО „УЛОВИ“ РАМИЗ МЕРКО Струшкиот градоначалник не собра храброст да зборува и се скри во канцеларија

Од општинската администрација велат дека немаат овластувања да зборуваат во негово име, ќе се огласел самиот кога за тоа ќе почувствувал потреба.

3,870

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко утринава со службениот автомобил „Шкода“ насмеан пристигнал на своето работно место. Екипата на ТВ Алфа се обидела да стапи во контакт со него, но тој не сакал да ги прими во неговата канцеларија.

Од општинската администрација велат дека немаат овластувања да зборуваат во негово име, ќе се огласел самиот кога за тоа ќе почувствувал потреба.






„Бидејќи Мерко три дена не одговара на повиците, откако влезе во општинската зграда, се обидовме уште еднаш да стигнеме до него. При влез во општината никој нѐ не спречи сѐ додека не се качивме на катот каде што е неговата канцеларија“, велат од ТВ Алфа.

„Повелете што сакате? Кај градоначалникот. Зафатено е. Ама ти нѐ не најави !? Ако нејќе, нејќе една секунда нема откако дојде… Зафатено! Зафатен е?“, дел од разговорот на новинарите со вработените во општината.

Вработените велат дека Мерко и изминатите два дена доаѓал на работа но не примал странки. Тоа што Мерко се најде на црната листа на САД поради корупција и мешање во судски процеси, за повеќето стружани не е изненадување.

Поврзани содржини