(ВИДЕО) 15 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО КАНАДА Камион удри во автобус со постари лица и инвалиди

Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.

139

Најмалку 15 луѓе загинаа во сообраќајна несреќа во канадската провинција Манитоба во која камион удри во возило во кое се превезувале стари лица и инвалиди.

Несреќата се случила во близина на градот Карбери, 170 километри западно од Винипег.






Најмалку 10 лица, меѓу кои и двајцата возачи, се во болница со сериозни повреди.

Според тамошните медиуми, ако се потврди бројот на жртвите, ова  е една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во историјата на Канада.

Во април 2018 година, 16 луѓе загинаа во друга канадска општина откако камион удри во автобус кој превезуваше јуниорски хокеарски тим.

Возачот на камионот кој беше виновен за несреќата беше осуден на 8 години затвор.

Поврзани содржини