Вицеви во изолација

2,678

Додека во изолација разговарате со вашите миленичиња, со цвеќето или со мебелот, тоа е нормнално. Не мора да ме барате. Кога ќе почнат да ви одговараат, време е да ми се јавите. Со почит, Вашиот дежурен психијатар.

***






Много е важно е да ги пробуваме панталоните на секои 2-3 дена, бидејќи пижамите се шират.

***

Се продава папагал. Живее во спална. Кафезот е подарок.

***

Се вративме од супермаркет. Ги симнавме маските. Гледам, овој мојов, не е мојов…

***

Три пати јадев, шест пати дремнав и уште е денеска.

***

Докторот ми препорача чаша вино пред сон. Сношти си легнав 12 пати.

***

– Жено, дај нешто за смирување. – Таблети или капки? – Ај не ме нервирај сега.

***

Ако им дадат на децата уште еден месец распуст, мајките сигурно ќе ја измислат вакцината.

Поврзани содржини