ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ФЕТАИ ДОБИЛ СМРТНА ЗАКАНА ПО МЕЈЛ Некој му пишал за можното бришење на одредницата 20% во Уставот
Оваа закана доаѓа по мојата изјава дека ќе сторам сé за да се отстрани дефиницијата за албанскиот јазик во уставот, како јазик што го зборуваат 20 проценти од населението, напиша вицепремиерот Арбен Фетаи на Фејсбук.
Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави дека на службениот мејл добил смртна закана.
„Оваа закана доаѓа по мојата изјава дека ќе сторам сé за да се отстрани дефиницијата за албанскиот јазик во уставот, како јазик што го зборуваат 20 проценти од населението. За ова го известив и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и побарав да се зголемат мерките за мојата лична безбедност“, напиша Фетаи.
Вознемирувачкиот текст на заканата може да се види на следниот линк.
Фетаи реагира велејќи дека албанскиот јазик не се заканува за ништо и никого.
„Јазикот е богатство, средство за комуникација кое служи за разбирање и соработка, затоа нема да дозволиме албанскиот јазик да биде изговор за ваков вид луѓе да ни ја попречат работата“, напиша вицепремиерот во реакцијата.