Вицепремиерот Фатмир Битиќи е позитивен на коронавирус
„Денеска добив позитивен тест на ковид-19. Во моментов сум стабилен со благи симптоми и се надевам дека со лесно ќе помине“, напиша Битиќи.
Фатмир Битиќи, вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори е позитивен на коронавирус.
Тој информацијата ја сподели на Фејсбук.
„Денеска добив позитивен тест на ковид-19. Во моментов сум стабилен со благи симптоми и се надевам дека со лесно ќе помине“, напиша Битиќи.
Тој апелира до граѓаните да носат маски, да држат дистанца и да не се групираат.
На денешниот отчет во Владата, Битиќи не беше присутен а на почетокот од Владата информираа дека е отсутен поради здравствени причини.