Вице Заев: Денешните „бомби“ се рекла-казала муабети

Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува братот на лидерот на СДСМ.

2,614

Вице Заев, братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, вели дека денеска објавените разговори на Јутјуб каналот насловен како „Вице мафијашот“ се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

„Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата. Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани, посочува Вице Заев во допис до МИА.






Аудиснимката во која се слушаат две лица  Разговорот во кои се слушаат две лица е именуван како „Вице даде зелено светло да запалам коли“.

Поврзани содржини