ВИ ПОСАКУВАМ РАДОСТ ВО СРЦАТА Божикна честитка од собранискиот спикер Африм Гаши
„Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божик“, посочува Гаши во честитката.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божик.
„Почитувани граѓани од православна вероисповед. Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божик. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои нѐ обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг“, наведува спикерот во честитката.
Тој посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.
„Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божик“, посочува Гаши во честитката.